Исчезнатиот Душко Трајковски од Карпош загинал во сообраќајка

Душко Трајковски од Карпош, кој се водеше за исчезнат веќе два дена, починал пред 11 дена во сообраќајна несреќа. Веста ја потврдија од МВР.

85-годишниот Трајковски возејќи се со својот велосипед попладнето на 2 декември бил удрен од автомобил „Фиат Добло“ со скопски регистрации на крстосницата од булеварот „8 Септември“ и улицата „Момин Поток“. Бил пресен во Клиничкиот центар.

На 7 декември вечерта од Ургентниот центар пријавиле во МВР дека повреденото лице, чиј идентитет во тој момент бил непознат, починало. Неговото препознавање најблиските го извршиле денеска.