Исчезнаа две млади лица – се трага по девојка и момче

Во 13 часот и 30 минути во Полицијата во Ѓорче Петров, 54-годишниот Р.К.  од селото Рашче, скопско, пријавил дека истиот ден околу 07 часот и 30  минути од дома во непознат правец се оддалечила неговата петнаесетгодишна ќерка. 

Исто така, вчера во полиција во Драчево се јавил и 49-годишниот М.А. и пријавил дека на 22 месецов во 19 часот и 30  минути, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син. Се работи за 26-годишниот И.М. од Студеничани.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.