Исчезна штитеник од домот „25 Мај“

Шеснаесет годишен штитеник од домот „25 Мај“ исчезнал на 15-ти месецов.

Случајот во полиција вчера го пријавил социјален работник од домот.

Според пријавата штитеникот на домот од Прилеп се качил во автобус во Битола кон Скопје, но не се вратил во установата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.