Исчезна момче од аеродромот во Скопје

Дваесетидеветогодишно момче од Тетово изчезнало од аеродромот во Скопје без никаква трага.

Според полицијата, синоќа во 23 часот и 50 минути во Полициската станица Тетово, 57- годишниот А.Б од Тетово пријавил дека на 19 месецов, околу 09.00 часот на аеродромот „Александар Велики“-Скопје, со авион од Сојузна Република Германија пристигнал неговиот син 29- годишниот А.Б по што му се губи секаква трага.

Пристигнувањето на А.Б. било потврдено од вработените на аеродромот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.