Исцелител – кино на отворено во Градскиот парк

Град Скопје, Кино Милениум и Младинскиот Културен Центар ве канат на едно поинакво филмско доживување во Градскиот парк. Станува збор за бесплатна проекција на македонскиот филм Исцелител, кој ќе биде прикажан на 06 јуни во 22:00 часот.

Филмот зборува за млад механичар,кој немајќи пари да купи лекови, за својот татко подготвува колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак. Меѓутоа, младото момче е притиснато од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

Режијата е  на Ѓорче Ставрески, а главните улоги ги толкуваат: Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ и др.

За потсетување, Исцелител е еден од најуспешните македонски филмови, кој наиде на одлични критики во македонската и меѓународната јавност, а доби и неколку филмски награди.

cheap nike air max 90