Ирска филозофија: Има само две работи за кои треба да се грижиш!

Постојат само две работи за кои треба да се грижиш:
Дали си здрав или болен.
Ако си здрав,
тогаш нема за што да се грижиш.
Ако си болен,
постојат само две работи за кои треба да се грижиш:
Или ќе оздравиш или ќе умреш.
Ако оздравиш,
тогаш нема за што да се грижиш.
Ако умреш,
постојат само две работи за кои треба да се грижиш:
Дали ќе одиш во рајот или пеколот.
Ако отидеш во рајот,
тогаш нема за што да се грижиш.
Ако отидеш во пеколот, ќе бидеш толку зафатен ракувајќи се со пријателите, па така
НЕМА ДА ИМАШ ВРЕМЕ ЗА ГРИЖА!