Ирена Мишева: Голем број инфраструктурни проекти ќе се реализираат во 2017 година

Советот на Град Скопје во текот на 2016 година даде поддршка за реализација на многубројни важни проекти, особено од областа на уредувањето на просторот, а потоа и за збогатување на зеленилото, за заштита на средината, за развојот на туризмот, културата и спортот и за сите други области во кои Градот Скопје има надлежност.

„Во годинава што е пред нас ќе се довршат голем број проекти што се во тек: проширувањето на вториот дел од булеварот „Трета македонска бригада“, изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел, проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во делот на Чаир, првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булеварот „АСНОМ“, проширувањето на булеварот „Србија“ кон Кисела Вода, проширувањето на третиот дел од булеварот „Борис Трајковски“, изградбата на велосипедските патеки од Рутата 2 од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ и многу други проекти што ќе го збогатат урбаното живеење.“ - вели во интервју за МИА, Претседател на советот на град Скопје.

Изминатата недела и градоначалникот Трајановски одржа прес конференција на која истакна дека изминатава 2016 година беше успешна за Градот Скопје, година во биле реализирани голем број капитални проекти во сите 10 општини на територијата на Скопје со кои значително ќе се подобри квалитетот на животот на жителите.