Општина Центар информира дека инвеститор на улицата „Мијаковски“ самиот ја отстранува дивоградбата, откако тоа му било наложено од градежен испектор.
„Општина Центар нема да ги толерира дивоградбите и самоволното градење на својата територија.
На улица „Мајаковски“ инвеститорот незаконски и непочитувајќи го одобрението за градење при градбата на објектот за станбено домување изградил на мезанин арматурно бетонска плоча со димензии 8.23 х 5.50 и второ поткровје со димензии 17 метри на 9.75 метри. Од страна на овластениот градежен инспектор, на инвеститорот со решение му е наредено во определен рок да ги отстрани недостатоците и да ја усогласи градбата. За да не дојде до присилно отстранување и уривање на дивоградбата, инвеститорот ја прекина изградбата и сам пристапи кон отстранување на дивоградбата“, соопшти Општина Центар.
Додаваат дека општината и овластените градежни инспектори ќе интервенираат при секое отстапување од правосилните одобренија за градење.