Интимна исповед на една разведена жена: Животот ми запре кога имав 37 години!

Кога се развела во својата 37-ма година, мислела дека засекогаш ја затворила вратата за основање на семејство, а тогаш се случило нешто неочекувано. За време на три години родила 3 деца.

По 12 години брак, новинарката Трејси Хамилтон и нејзиниот сопруг одлучиле да се разведат. Сфатиле дека се „само добри пријатели“ кои се обидуваат да останат во брак. На 37 години и без деца, новинарката се одлучила на развод.

Трејси вели: „Шест месеци откако се разведовме сфативме колку правилна одлука сме донеле. Се разделивме додека пиевме пиво и сфативме дека донесовме добра одлука поради која и двајцата чувствуваме големо олеснување.“  Таа живеела во Харлем во Холандија и немала свои деца.

„Никогаш не бев ни сигурна дали сакам да ги имам, но бидејќи се разведов на 37 години, сфатив дека сум се одрекла од основање семејство и дека таа врата ми е затворена. Мислев дека ако бидам слободна, сите можности ќе ми бидат отворени, но воглавно се се сведе на тоа да седам сама на балкон, со чаша вино и цигари.“

Таа дури отишла и на пат во Кина, но и таму ништо не се променило, па се вратила во Холандија каде само што се вратила добила отказ.

„Еден пријател ме советуваше да ги контактирам колегите во САД и до крајот на неделата имав работа со која можев да преживеам. Пријателот и јас почнавме да излегуваме и со текот на времето почнав да го нарекувам тоа врска. По шест месеци останав трудна. Кога нашиот син имаше осум месеци, повторно останав трудна, а кога нашата ќерка имаше осум месеци, го очекувавме нашето трето дете.

Се разведов на 37, а до 40-тата година веќе повторно бев омажена, имав новинарска кариера и 30 прекрасни деца.“