Интервју со Виолета Ангелковска: Хотел Руссија е уникатен и единствен комплекс во Скопје

Во стилот на Русија во скопската населба Аеродром пред повеќе од една година беше отворен хотелскиот комплекс Руссија. Во годишно интервју разговараме со Виолета Ангелковска, Генерален менаџер на Хотел Руссија. Во интервјуто таа одговара за досегашните успеси на овој бренд, плановите за идната година, услугите кои ги нудат и што е она што го прави овој комплекс поинаков од другите во главниот град.

Скопјеинфо: Една година Хотел Руссија, година исполнета со многу работа и награди, на кратко што беше најзначајно за вас во изминатиот период?

Во изминатата година се реализираа многу активности и проекти. Понудата на хотелот постојано се надградува со цел подобар пристап и давање на поквалитетна услуга на клиентите.

Многубројните награди, како што се: награда за најдобра архитектура за 2014 година, награда за најдобар промотор за 2015, награда за Гранд Спа инвестиција за 2015, Туристичка призма и Златно срце во туризмот за најдобар хотел за Југоисточна Европа се показател за постигнатите успеси на хотел Руссиа и секоја од нив ми е подеднакво драга и значајна. Успехот на хотелот е да се создаде база на задоволни и лојални клиенти.

Скопјеинфо: После една година дали резултатите ги оправдуваат вашите очекувања?

Се разбира, меѓутоа ние постојано се трудиме да одиме понапред и постојано изготвуваме нови понуди и содржини. За да се води успешен хотел мора постојано да се биде иновативен и креативен.

Во изминатиот период хотел Руссиа го докажа своето успешно работење преку постигнување на значителни позитивни финансиски резултати и постигнување на висок степен на задоволство кај своите клиенти што резултира со нивна лојалност и доверба преку континуирана долгорочна соработка.

За постигнување на што поголеми и континуирани резултати ние се фокусираме на следење на состојбите на пазарот, навремено и професионално одговарање на барањата на клиентите, предлагање на нови начини за промоција на одредени услуги, зајакнување на позицијата на хотелот во однос на конкуренцијата, зајакнување на кооперацијата со постоечки соработници, а воедно и стекнување на нови клиенти, следење на нови трендови во хотелското работење со сите свои содржини ( ресторан, спа, скај бар и спортско рекративниот центар).

Скопјеинфо: Отворањето на вашиот хотел внесе новина во угостителскиот сектор, но и општо во животот во Скопје, што го прави Хотел Руссија поинаков од другите вакви објекти?

Хотел Руссиа е модерен мултифункционален објект кој ги задоволува сите меѓународни стандарди. Ние постојано ги изненадуваме нашите клиенти со нови содржини и понуди, односно ги следиме  трендовските содржини во светот. Веќе сме препознатливи како дом на спортистите и пријател на бизнисот.  Новоотворениот скај бар, Спа центарот, фитнес центарот и медицинскиот центар се содржини со кои хотел Руссиа им нуди едно поинакво искуство на посетителите и гостите.

Она кое го прави хотел Руссиа различен и уникатен во областа, а со кое посебно се гордееме, е комплетната понуда и асортиман за задоволување на желбите и барањата на современиот посетител.

Скопјеинфо: Може да ни дадете некој конкретен пример, што е она што го има Хотел  Руссија, а го немаат другите угостителски објекти во Скопје?

Како што споменав целиот објект е спој на повеќе сектори: хотел, ресторан, спортска сала, спа центар, фитнес центар и аеробик, скај бар, тениски игралишта, медицински центар, игротека и Хумел спортска продавница. Мислам дека еден ваков комплекс е нешто што долго му требаше на Скопје и дефинитивно претставува новина во туристичката индустрија.

Скопјеинфо: Успеавте ли дел од руската кујна да донесете во Скопје? Како реагираат гостите на тоа?

Ресторанот во хотел Руссиа нуди голема селекција на храна и пијалоци. Служи македонска, руска и интернационална храна. Секое јадење е подготвено со специјална грижа и внимание. Се повеќе и повеќе имаме клиенти што ја сакаат руската кујна и тоа ни причинува особено задоволство. Меѓу руските специјалитети би ги издвоила варениките, борш, пелимените и тортата Русија кои се најбарани од страна на нашите гости.

Скопјеинфо: Споменавте погоре простор за релаксација и опуштање, какви содржини им нудите на скопјани во таа насока?

Спа центарот Анне Семонин во склоп на хотел Руссиа, нуди различна и квалитетна палета на содржини и услуги за одмор , опуштање и релаксација.  Пријатната мирисна нота, професионалниот и љубезен персонал, модерно наместениот и комфорен амбиент ќе Ви остават позитивен впечаток уште на првата посета.

Би ги издвоила масажите и третманите кои се вршат со козметика од францускиот бренд Анне Семонин, базен, џакузи, финска и инфра-ред сауна, турска и парна бања и топли лежалки. Секоја од содржините се погодни за различни категории на возраст.Првокласните третмани се совршени за ревитализација и освежување на кожата.

Скопјеинфо: Вашиот концепт на работа е направен да понуди различен тип услуги за различни категории луѓе, кажете ни нешто повеќе за ова.

Да, различниот тип на услуги е она по што хотел Руссиа е препознатлив.  Нашиот хотел на спортистите им ги нуди сите потребни услови, тоа се спортска сала, фитнес центар, удобно сместување, како и специјализирана храна наменета за спортисти, а  и спортско медицинскиот центар каде спортистите ги добиваат сите потребни услуги во медицинскиот дел. За бизнис секторот ги нудиме содржините спа центар, каде гостите може да се релаксираат, фитнес центарот каде добиваат високо професионални тренинзи, тениски терени по современи европски стандарди и скај бар каде можат да ги поминат ноќните часови со прекрасна храна и пијалок. За бизнис настаните располагаме со конгресна сала со комплетна опрема и специјални менија наменети за самите настани.

Скопјеинфо: SkyBar е една исклучелно нова и интересна локација во Скопје, што им нуди овој простор за скопјани?

Лоциран на 8-от кат на хотел Руссиа, скај барот има прекрасен панорамски поглед на градот Скопје и реката Вардар. Луксузно и модерно е уреден, секоја вечер има жива музика, односно се изготвува неделна музичка програма. Скај барот е идеална локација за деловни ручеци, средби и состаноци и за незаборавни ноќи, како и за ВИП забави. Во скај барот добивате професионална услуга, интернационални специјалитети и голем избор на сортни вина.

Скопјеинфо:  И на крајот, какви се плановите за 2016-та година?

Во претстојниот период нè очекува многу работа, во којашто сите треба да се вложиме најмногу што можеме, во напорите заедно да постигнеме синергија и максимални резултати. Во хотелската бранша секогаш има простор развој и напредок. Планираме да бидеме уште поиновативни, уште покреативни, понапредни со услугата и со многу задоволни клиенти и гости во годинава што следува. Како што рекол Хенри Форд: „Собирањето заедно значи почеток; останувањето заедно значи прогрес; работењето заедно значи успех.“