Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија е во подготовка на интернационални изложби за сите раси на кучиња во Скопје. 

Изложбите ќе бидат изведени на 21 и 22 октомври 2017 во Хотел „Белви“ во Скопје. 

Судии кои се предвидени за настанот се: Игор Дробњак (Црна Гора), Петар Кујунѓиев (Бугарија), Влатко Ананчевски, Зоран Најдовски, Никола Ангелковски, Бранко Тасевски, Перо Божиновски, Сашо Пешев (Македонија). 

Електронската пријава за настанот можете да ја најдете тука.

Пријавете го учеството на миленикот и уживајте во добрата организација.