Бременоста е многу интересен период во животот на идните родители, особено жената. Со неа се поврзани многу митови и уверувања.

На пример, многумина сметаа дека голем стомак значи дека бебето ќе биде крупно, а некои се уверени дека на основа на обликот на стомакот може да се процени полот на детето.

Трудничкиот стомак обично почнува да се забележува во второто тромесечие од бременоста. Жените кај кои стомакот почнува порано да се забележува не треба да се грижат: тоа е најверојатно последица од надуеност која е типична и сосема природна работа.

Многумина велат дека жените кај кои стомакот е ниско поставен со сигурност ќе родат машко, а оние кај кои стомакот е високо поставен ќе добијат девојче. Меѓутоа, ова е далеку од вистината и не можете само на основа на тоа да процените кој пол ќе биде детето.

Од друга страна, обликот на стомакот може да открие во која состојба се вашите мускули во стомакот, затоа што жените кои се во подобра физичка кондиција имаат повисоко поставен стомак од жените кои се во полоша физичка кондиција. Исто така, кај повисоките жени, стомакот е обично потесен, а кај пониските жени е поширок.

Потемната линија на кожата која се појавува кај речиси сите трудници е нормална појава и почесто кај жените со потемен тен. Оваа линија е последица на хормоните кои се лачат за време на бременоста, а избледува по породувањето.