Интересни факти за вагината: Тајни за женската интима кои можеби не сте ги знаеле

За некои факти за женскиот полов орган многумина никогаш воопшто не слушнале, особено мажите на кои вагината секогаш ќе им биде по малку мистична и недоволно истражена.

Ова се некои интересни факти за женскиот полов орган: 

» Вагината во ретки случаи може да „падне“ т.е. да се спушти – тоа се нарекува вагинална пролапс. Имено, тоа се случува при оштетување или ослабување на мускулите и лигаментите во долниот дел од карлицата кој ги држи матката, мочниот меур и цревата. Тогаш сексот може да биде болен и е потребна помош од доктор.

» Клиторисот има дури осум илјади нервни завршетоци, што е двојно повеќе од пенисот.

» Зборот „вагина“ на латински значи – корица за меч.

» Големите усни просечно се долги околу 8.1 сантиметар.

» Просечната широчина на клиторисот е 0.8 сантиметри, а неговата големина нема влијание врз интензитетот на задоволството.

» Многу жени, особено на постара возраст, имаат премногу сува вагина и мораат да користат лубриканти.

» Испуштањето на гасови од вагината за време на сексот е нормално – станува збор за воздух кој влегол, па мора некако и да излезе.

» Некои жени ејакулираат за време на оргазмот. Тука всушност станува збор за млечна течност која доаѓа од матката.

» Изгледот на вагината се менува со текот на годините – на пример усните се намалуваат како што поминуваат годините.

» Кинескињите имаат помалку изразени усни и клиторис отколку жените во Русија.

» За некои жени сексот е болен иако партнерот нема голем пенис. Во тој случај, добро е да се посети гинеколог.

» Секое срамно влакно паѓа после од прилика три недели и почнува да расте ново.

» Постои нарушување при кое жената постојано доживува оргазми, без разлика каде е и што прави – константно генитално возбудување. Кара Анаја од САД има по неколку стотици оргазми на ден и вели дека е уморна од нив.