Интересна кампања на Водафон: Погледнете околу себе!

За време на важните настани – свадби, родендени и одмори, огромен е бројот на луѓето кои се „залепени“ за своите телефони и делуваат како да не се присутни на самиот настан. Со развојот на паметните телефони, уште потешко е вистински да се поврземе со другите. Изненадувачки, брендот Водафон создаде движење за да направи промена во однос на ова.

Оваа кампања е со наслов „Погледнете околу себе“ и е лансирана во Индија за да нѐ потсети дека со постојаното гледање во телефонот пропуштаме многу убави работи кои се случуваат околу нас.

Изненадувачи, но и застрашувачки е и тоа како една компанија за паметни телефони всушност лансира кампања која е против паметните телефони. Тоа значи дека време е да направиме еден чекор назад, да се потсетиме на тоа што имавме пред да „се залепиме“ на телефоните.