Интелигенцијата не е само знаење, туку и способност да се разберат другите

Многумина мислат дека интелигентен човек е оној кој многу читал, кој добил добро образование, многу патувал, зборува неколку јазици.

Меѓутоа, човек може да ги има сите тие работи и пак да биде неинтелигтен, а голема е можноста да нема ниту една од овие работи, а сепак да биде природно интелигентен.

Образованоста не смее да се меша со интелигенцијата. Образованоста живее со старите содржини, а интелигенцијата создава нови работи и го освежува старото знаење.

Интелигенцијата не е само знаење, туку и способност да се разберат другите. Таа се прикажува преку илјада ситници: во способноста достоинствено да се негодува, скромно однесување на маса, во уметноста незабележливо да се помогне на друг, да се чува природата, да не се фрла ѓубре насекаде, да не се пцуе, да не се кажуваат глупави идеи (и тоа е ѓубре и тоа какво!)

На рускиот Север сум запознал селани кои биле навистина интелигентни луѓе. Тие оддржуваа неверојатна хигиена во своите домови, знаеја да ценат добри песни, умееја да раскажуваат интересни пприказни кои им се случиле на нив или на други луѓе, водеа уреден живот, имаа разбирање за туѓите таги и радости.

Интелигенција, тоа е способност зa разбирање, за забележување, тоа значи да имаш толерантен став кон светот и луѓето.

Д.С.Лихачов, „Писма за доброто и убавото“