Инструкции за живот од тибетските мудреци!

  1. Ако не ти се допаѓа – кажи го тоа.
  2. Ако ти се допаѓа – кажи го тоа.
  3. Ако некој ти недостасува – побарај го.
  4. Ако не ти е јасно – прашај.
  5. Ако сакаш да се сретнете – јави се.
  6. Ако сакаш нешто – побарај.
  7. Никогаш не се расправај.
  8. Ако сакаш да бидеш јасен – објасни.
  9. Ако си згрешил – веднаш кажи го тоа и не барај оправдувања за себе.
  10. Секогаш имај на ум дека секој има своја вистина и дека таа често не се поклопува со твојот.
  11. Не комуницирај со лоши луѓе.
  12. Во животот најважна е љубовта, сѐ останато е заблуденост.
  13. Човековите проблеми постојат само во неговата глава.
  14. Твоето опкружување не ни лошо, ни добро, нему е сеедно дали ти си таму или не.
  15. Обиди се да извлечеш задоволство од секое случување.
  16. Секогаш имај на ум дека немаш друг живот.
  17. Не биди досаден.
  18. Запомни дека никому ништо не должиш.
  19. Запомни дека никој ништо не ти должи.
  20. Не го жали времето, ни парите кои си ги потрошил на задоволството да го запознаеш светот.
  21. Во животот секогаш сметај само на себе.
  22. Верувај им на своите чувства.
  23. Со жените (како и со мажите) и децата секогаш биди трпелив.
  24. Ако си лошо расположен, помисли дека кога ќе умреш, нема да го имаш ни тоа.
  25. Живеј денес, затоа што вчера веќе не постои, а утре можеби нема ни да дојде.
  26. Денешниот ден е најдобриот ден.