Инспиративни совети од силните луѓе

Животот понекогаш е тежок и колку и да сакаме да бидеме силни, се чини како сите нешта да се против нас. Се чувствуваме како да немаме излез и многу алтернативи. Но, не е се така како што изгледа. Советите на силните луѓе можат да ни помогнат да ги надминеме сите нешта во животот.

Тоа што ти се случува не е важно како начинот на кој гледаш на тоа.

Не дозволувај твојата болка да те претвори во нешто што не си.

Ако нешто ти е судено, никогаш нема да мораш да го форсираш.

Единственото нешто што можеш да го контролираш е тоа како да се однесуваш кон себеси. А, тоа може да промени се.

Очекувај проблеми, но решавај ги брзо, без страв.

Силните души блескаат после бура.

Се што ни пречи кај другите луѓе може да ни помогне да откриеме нешто за себе.

Не треба да бидеш подобар од другите. Доволно е да бидеш подобар од самиот себеси.