Иницијатива: Лицата над 40 години да работат три дена неделно

Од друга страна, перформансите се намалуваат кога се надминуваат 25 –те работни часа, поради влијанието на заморот и стресот.

Во тестирањето биле вклучени гласното читање, рецитирање, способноста за памтење и способноста за размислување во кое биле вклучени извршното и апстрактно размислување и меморијата.

Според резултатите е заклучено дека лицата по 40 – тата година совршено знаат да одговорат на работните активности до 25 работни часа, а додека веќе на 50 работни часа не давале никакви резултати, вклучително и на оние кои се воделе како невработени во моментот на спроведување на студијата.

Иако работата ја стимулира активноста на мозокот, сепак долгото работно време предизвикува замор и стрес и влијае на когнитивните функции.

Авторите на студијата исто така истакнале дека резултатите се однесуваат на групата која била тестирана и дека не треба да се земаат „здраво за готово“, односно дека постои разлика од држава во држава, возрасна граница, вид на работна позиција итн…