Информации кои треба да ги знаат оние кои се во план да патуваат- еве каква е состојбата на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 Моменталното задржување на патничките возила на граничните премини е до 30 минути.

 Поради летната туристичка сезона, можни се и подолги задржувања на поедини гранични премини и наплатни рампи.