Индустриската зона во Илинден денеска без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека се планирани два технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје, поради што без електрична енергија ќе останат во време од 8.00 до 14.30 часот зона корисниците од индустриксат зона Илинден – ул.10 (делот кај бензинска пумпа Илиноил) и фирмите Палкомак, ДВНП Сервис петрол, ДППУ Лаки Лазо, Рико-градба, Љупчо Белина, Агрома, Маја компани во општина Илинден.

Во период од 8.10 до 14.10 часот, без струја ќе бидат и корисниците од населба Чаир: дел од ул. Методија Митевски, дел од бул Македонско-Косовска бригада до раскрсницата со бул. Словенечка во општина Чаир.