Индијанската тајна за вечна љубов: Инспиративна приказна и откривање на голема среќа!

Живееме во време кога разводите се секојдневие и кога вечната љубов е ставена под знак прашалник. Сепак, тоа не значи дека треба да се откажеме од неа.

Сродната душа не чека некаде и потребно е само да не планираме ништо и да се опуштиме и да оставиме таа да не пронајде нас.

Прочитајте ја инспиративната и ветувачка индијанска приказна и откријте ја тајната на вечната љубов:

Двајца млади Индијанци отишле кај поглаварот на племето и одлучно му рекле:

„Ние се сакаме! Сакаме да ни го дадеш својот благослов и да не подучиш што треба да правиме за нашата љубов да трае вечно.“

Поглаварот им рекол:  „Добро, ќе ви кажам што треба да правите. Пред да дојдете со мене во планината, пронајдете два орла и донесете ги со вас, а потоа ќе видиме што понатаму.“

Заљубените тргнале во различни правци и по кратко време, секој од нив донел по еден орел. Кога дошле на врвот од планината, поглаварот им рекол:

„Земете го ова кратко јаже и заврзете ги неговите краеви на ногата на двата орли.“

Ти го послушале и ги врзале нозете на орлите.

„Сега пуштете ги да летаат.“

Момчето и девојката ги пуштиле орлите кон небото, но орлите не можеле да полетаат затоа што нозете им биле меѓусебно врзани. Паднале на земја и почеле да се клукаат еден со друг, сакајќи да се ослободат од јажето со кое биле врзани. Тогаш стариот Индијанец им рекол:

„Сега пресечето го јажето!“

Младите го направиле и тоа, го пресекле јажето и повторно ги пуштиле орлите да летаат. Овој пат птиците брзо се издигнале, завртеле круг и конечно летнале кон врвовите на останатите планини.

Тогаш поглаварот им рекол:

„Ете, тоа е тајната на вечната љубов и среќа: Ако луѓето се врзани еден за друг, никогаш нема да им успее да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно, но не и да бидете „врзани“. Ако сепак се врзете, нема да можете да ја спознаете вистинската љубов и мирот кој таа го носи со себе.“

 

cheap nike free run 5.0