Некој „многу паметен“ во УЕФА одлучил натпреварот од европскиот Суперкуп помеѓу Реал и Манчестер да се игра во Скопје на 8-ми август, со почеток од 20:45 часот, пишува хрватскиот портал „Индекс“ во пресрет на денешниот меч.

Според порталот, одлуката Суперкупот да се игра во Скопје во текот на летната жега е „доказ за елементарна неукост и лошо планирање“.

-Дури и и најповршните познавачи на климатските прилики знаат дека Македонија во оваа доба од годината е пекол Инаку прекрасна земја, која во текот на летотo паметно е да се избегне, пишува Индекс.хр.

Според порталот, тоа се покажало и вчера, кога температурата во Скопје изнесувала 40 степени, додека за денеска за време нa натпреварот се очекуваат 35 степени, без оглед на тоа што се игра во вечерен термин.