Инцидент во маркет во Скопје

Напад се случил вчера во познат маркет во Скопје.  А.Г која случјано го видела инцидентот  вчера во полиција околу 17.00 часот се јавила  и пријавила дека во маркет на ул.„Исаија Мажовски“ непознато лице извршило разбојничка кражба врз вработената.

Сторителот влегол во маркетот и од касата одзел околу 25.000 денари. Кога го забележала вработената се обидела да го спречи, но истиот почнал да и се заканува и фрлил кон неа една лименка пиво, по што побегнал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.