Инцидент пред „Рамстор“: Спречена трагедија поради сообраќајно недоразбирање

Ноќва околу 02,10 часот пред маркетот „Рамстор“ лоциран на ул.„Тодор Александров“ бб во Скопје, З.Б. (24) од Скопје, се враќал од Водно кон центарот на градот заедно со другарот Т.В., со неговото возило „мицибуши колт“.

Во моментот кога прикочил со возилото поради нерамнини на патот, непознато лице кое управувало возило кое се наоѓало зад него почнало да му блендира и да му свири. З.Б. дал десен трепкач и застанал, а веднаш до него застанал автомобилот „пежо 206“, од кое излегле четири машки лица, а возачот држејќи тесла во раката удрил со истата и го искршил задното лево стакло од возилото на З.Б..

Кога З.Б. сакал да излезе од возилото, лицето со рачката од теслата го удрил З.Б. во пределот на главата на левиот образ, нанесувајќи му видлива повреда-црвенило.

Во тој момент останатите три лица го фатиле напаѓачот, а едно од лицата со намера да ја смири настанатата ситуација, му дало на З.Б. мобилен телефон со цел да го побара во текот на денот и да се договорат за штетата, по што си заминале.

Во моментот кога лицата го тргнале напаѓачот, З.Б. успеал да ја одземе теслата и да ја фрли во непосредна близина на местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.