Инцидент на Пластичарска: Млад возач закачил сообраќаен полицаец

Млад возач од Скопје не ја почитувал наредбата на сообраќајниот полицаец и наместо да запрес со „фолксвагенот“, продолжил да вози и го закачил сообраќаецот во левата рака. Инцидентот се случил на Пластичарската улица во Скопје.

На 4 април 2019 во 14.55 часот во СВР Скопје, на булевар „Никола Карев“, при преземање на службени дејствија за запирање на патничко возило „Фолксваген“, возачот на возилото А.С. (25) од Скопје не застанал и со возилото го удрил полицискиот службеник во левата рака.

По преземени мерки А.С. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.