Името го добила по капиштето на потокот: Оваа населба е една од најпосакуваните за живеење

На местото на зградите на улица „Козара“ и куќите по нив, одамна постоело населено место, за што сѐ уште сведочат плочките и подовите од куќи кај тополите и паркингот меѓу двата блока згради на оваа улица (се мисли на зградите кај 511, Балила и тие од спротива кај Лингвалинк) кои биле срушени кога се граделе зградите.

Најголем сведок е каналот (сега пресушен, без вода, полн со лисја и земја) низ кој течел јаз (поток) кон Центар (Зелено Пазарче) и се вливал во Вардар кај Маџир Маало (потокот е пресушен некаде 1956/57, односно во годините околу Скопскиот земјотрес). Се претпоставува дека тука се наоѓало селото Долно Водно, бидејќи селото Горно Водно се наоѓало кај училиштето „Кочо Рацин“ и било раселено од таму 1955/56 кога таму се граделе резиденции за владини функционери,па бидејќи биле на зорт бркани луѓето од таму местото го завикале и Зорле. Поради поставеноста на теренот најверојатно Долно Водно било на местото кај овој поток и зградите што денес се наоѓаат овде.

Изградбата на населбата се одвивала во 1980-1985 година, односно Капиштец е релативно нова населба. Пред да се изградат зградите, делот на Капиштец на ул. Народен фронт бил ливади и тука поминувала железничката пруга кон Ѓорче Петров и Охрид.

На местото на зградата на Бетон т.е. Министерство за економија била ложилницата каде се раѓало комунистичкото работничко движење против бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна од каде излегле голем број Македонци и Македонски партизани и борци за слобода. Таму работел и дејствувал народниот херој Владо Тасевски од Прилеп (пругата е дислоцирана по земјотресот).

Во изградбата на Капиштец во тоа време учествувале Македонските градежни претпријатија (Маврово, Бетон, Гранит, Пелагонија), а во поново време новите згради се градат од приватни инвеститори.

За дел од Капиштец во поново време се сметаат и новите згради кои се изградени на местото од куќите кај фабриката Треска се до Католичката Црква, ова место е попознато (меѓу младите) како Нов Капиштец или Мал Капиштец (овие куќи беа под К.О. Дебар Маало 2, но се префрлени под Капиштец).

Легендите за настанокот на скопските населби:

Бардовци

Тафталиџе

Ѓорче Петров

Буњаковец 

Радишани