Имате само еден живот, не го поминувајте извинувајќи им се на другите

Живееме само еден живот, некогаш дури и прекратко. Не знаеме колку време имаме на овој свет, ниту што ни носи иднината.

Како ќе го поминете? Жалејќи се, извинувајќи се, живеејќи според туѓите правила?

Не се трудите да ги направите задоволни другите луѓе околу вас. Што и да направите, нема да успеете во тоа. Ако некој ве сака, ќе ве прифати со сите ваши добри и лоши страни. Ако некој не се сака ни себеси, никогаш нема да ве сака ни вам, какви и да сте.

Затоа, живејте како што знаете. Живејте го секој ден по сопствени правила, онака како што вам ви одговара и како што ви носи насмевка на лицето. Вашата насмевка и среќа се најважни.

Бидете добри кон другите луѓе, но не се потпирајте и врзувајте со оние кои не се добри кон вас. Прекраток е животот за да го живеете со отровот кој тие луѓе го носат.

Бидете свои, сакајте, смејте се, плачете кога ви е до плачење. Сонувајте, спијте кога сакате и танцувајте на дождот ако тоа ви носи среќа. Ваш е животот, вие избирате.