Имаш должност кон себеси да живееш како што ти сакаш

Нашата генерација е полна со рамнодушност. Никој не сака да биде оној кој се грижи премногу и тогаш се однесуваме како воопшто да не ни е грижа. Не дозволувајте општеството да ве убеди дека искреноста е слабост. Не се гушете во сопствените желби и бидете искрени во врска со она што го сакате, затоа што страста е навистина потценета. 

Луѓето ќе се обидат да ве уверат дека животот е трка, но тие не се во право. Невозможно е целосно да уживате во нешто ако не се предадете целосно.  Вие сте одговорни за сопствената среќа и затоа откријте што ви носи среќа и опкружете се со она што ве прави среќни. Зграпчете ги работите кои ги сакате и држете се за нив. Во ред е да имате интерес за нешто. 

Не обрнувајте внимание на оние кои се плашат од вашите чувства. Тие можеби се среќни со малечки игрички, но вие не морате да бидете такви. Вложете го времето во некој кој ќе ја прегрне вашата ранливост. Барајте ги оние кои не се плашат да ви кажат како се чувствувате. 

Продолжете да го покажувате срцето на луѓето, без оглед на невозвратеноста, затоа што во спротивност ќе ја згаснете сопствената вредност. Личноста која ви е судена ќе се заљуби во вашето срце, а не во вашата сенка. Оние кои ќе побегнат кога работите ќе станат тешки, ви прават услуга. Направете си услуга, збогувајте се со нив и чекорете храбро кон иднината. 

Ви одлучувате дали ќе го обоите животот со весели бои или ќе живеете во сивило. 

Имате можности во овој живот и имате должност кон себеси да живеете онака како што сакате. 

Кога ќе почувствувате нешто, чувствувајте го длабоко: од врвовите на прстите до стапалата. Кога луѓето ќе ви кажат да не се надевате, кажете им дека светот без надеж е исто како свет без светлина. Кога ќе ве обесхрабрат да не го кажете она што го мислите, зборувајте уште погласно.