Украинскиот психолог Елена Шпундра напиша еден текст во кој покажува како треба зрелите жени да гледаат на љубовта.

„Имам речиси 42 години и одвреме-навреме сакам да велам дека не верувам во љубов, романса или среќа до крајот на животот. Кон мажите воглавно сум отворена и без двоумење им кажувам што сакам, а што не. И без многу заобиколување им кажувам да одат во бестрага.

Не бев секогаш таква. Порано се трудев да ги задоволам мажите, да им готвам, да им купувам подароци, чекав до телефонот за да ми се јават, бев подготвена со нив да одам до крај на светот. Секој пат бев подготвена да се предадам целосно поради љубовта. Но, ако повеќе не го мислам тоа, значи ли дека повеќе не можам да сакам?

Кога сме млади, воглавно се бараме себеси и тоа може да боли. Некогаш е потребно да се истражат границите, да се приспитаме себеси за да знаеме кои сме.

Зрелоста е доба кога навистина се среќаваш сам со себе. По младешката заслепеност и размислувања за жртвување, почнуваме да живееме за себе.

Тоа не значи дека не ни е потребен никој друг. Сакаме љубов, топлина и односи полни со разбирање исто како кога сме имале 20 години. Но, досега научивме дека во здрава врска, тие работи се реципроцитетни.

Затоа, веќе не ги правам следните работи:

Не чекам пораки и повици од маж

Или прва праќам порака или ги исклучувам од животот оние кои немаат време да ми се јават или да ми кажат дека се зафатени.

Не сакам да одам на состанок ако времето и местото не ми одговараат

Ако мажот не е заинтересиран за тоа колку жената е зафатена, за нејзините желби, удобност, тоа никако не е добро. Таков маж не ми треба.

Не можам да оправдувам нечиј неуспех по 40тата година

Тоа не значи дека барам пари. Кога бевме млади експериментиравме, се обидувавме и паѓавме, работевме се и сешто. На 40 години веќе би требало да бидеме колку-толку остварени и да работиме некоја работа од која живееме.

Нема да премолчам ако нешто не ми се допаѓа

Не, јас никогаш не замарам и не се фаќам за ситници. Но, ако не сакам брзо возење и тоа ме плаши, нема да премолчам. Нема да давам сигнали, нема да чекам тој да забележи, туку отворено ќе кажам: „Те молам не вози толку брзо, се плашам.“

Не се плашам од поставување прашања и подготвена сум за кој било одговор.

Кога бев млада се плашев да поставувам прашања кога нешто не ми беше јасно. Не сакав да се изложувам на стрес, се плашевме да не бидеме повредени или дека ќе го исплашиме нашиот дечко. Но, со тоа се повредуваме самите себе. Не сакам повеќе да бидам повредувана и сакам се да разјаснам.

Не мешам секс и љубов

Сексот може да е поврзан со љубовта, но од друга страна некогаш нема никакви допирни точки со љубовта.

Љубовта за мене е кога тој молчи наутро затоа што јас сакам тишина, кога памети како се вика моето куче и дека не сакам кафе со шеќер, кога ќе ме изненади со нешто. Ако го нема ова во односот, тогаш тоа значи дека ние само спиеме заедно.

Не сум љубоморна на неговите пријатели и пријателки, ниту на неговата работа

Ако тој ме сака, ќе најде време за мене. Ако двајцата наоѓаме време еден за друг, значи дека се е океј, ако не – тоа не е добро и тоа значи дека време е за промена.

Не ги пеглам неговите маици и кошули

Мразам да пеглам. Одбивам да правам нешто за мажот затоа што морам. Ќе го правам она што јас го сакам. Ако ме сака, ќе си ја испегла сам маицата.

Не се трудам да изгледам подобро заради маж

Кога ќе запознаам некој нов, можам да делувам и цинична. Не се срамам да зборам за своите проблеми и тешкотии.

Имам речиси 42 години и јас сум директна, силна, флексибилна. Тешко е да ме скрши некој, да ме прилагоди на својата волја. Тешкотиите во животот ме зацврстија, а се уште сакам да љубам. Но, не сум подготвена да се жртвувам за некој.

Љубовта е создавање, а не деструкцијата и жртвување. Ајде да создаваме.