Имало пукање, едно лице повредно: Детали за грабежот во НЛБ Банка во Чаир

Вооружени лица утрово извршиле разбојништво во „НЛБ банка“ на улица „Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.

Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат дека при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. 26 години вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.