Нов кружен тек меѓу улиците „16. Македонска бригада„ и „Коце Металец“ кој ги поврзува населбите Автокоманда и Железара во општина Гази Баба финансиран од Градот Скопје со вкупна вредност од 53,6 милиони денари, денеска беше пуштен во употреба.
За одведување на атмосферските води од кружниот тек е изградена атмосферска канализација со Ф600 милиметри и Ф400 милиметри, на вкупна должина од 634 метри. Извршена е заштита на гасоводната цевка, а поставена е и нова водоводна мережа со Ф200 милиметри во должина од 52 метри.
Кружниот тек е осветлен со 35 столба со моќност од 250 вати. Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и жчетири шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња.