Со над 8.500 учесници од 51 држава од светот Виз Ер Скопски маратон повторно ги сруши границите на конвенционалното и од година во година тој станува еден од најпосетуваните и најинтересните настани во Македонија. Како организатори на оваа манифестација секоја година со помош на бројните волонтери, поддршката од институциите и компаниите се предизвикуваме и квалитетот на Виз Ер Скопскиот маратон е се подобар и подобар.