Нова градинка со капацитет да згрижи 100 деца од предучилишна воздраст беше пуштена денеска во Горно Лисиче, општина Аеродром. Изградбата на градинката „Лавче“ почна на почетокот на годината, а вредноста на инвестицијата е 14 милиони денари, обезбедени од општина Аеродром и Министерството за труд и социјална политика.