Неколку илјади граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци денеска учествуваа во големото велосипедско дефиле што на градските улици се возеше по повод 22 Септември - Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилност 2016. Во дефилето учествуваа Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и амбасадорот на Европската унија во нашата земја, Самуел Жбогар.