Oфицијално пуштen во употреба e вториот дел од пробиениот булевар „Партизански одреди“.
Со овој проект се продолжи пробивањето на булеварот „Партизански одреди" од новиот кружен тек кај Порта Влае (меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров) па се до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле" (помеѓу булеварот Македонска војска, улицата Борис Сарафов и улицата Лука Геров).
- На овој потег, кој е со вкупна должина од 500 метри, се изврши реконструкција и проширување на постојаниот коловоз, со што се доби современ, модерен булевар со 6 сообраќајни летни, по 3 во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар. Булеварот има средишно булеварско зеленило (жардињера) со ширина од 5 метри. Булеварот од двете страни има велосипедска патека со ширина од 2 метри (асфалт) и пешачка патека со ширина од 3 метри, со вкупна површина од 5 400 метри квадратни. Реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Партизански одреди" се искористи за изградба на нова атмосферска канализација, на потег од 447 метри каде што се постави канализација со профил ф- 400 милиметри. На оваа делница се постави и целосно ново улично осветлување, односно се поставија 40 тросегментни столбови во висина од 10 метри, со светилки со моќност од 250 W (вати) – кажа градоначалникот Трајановски.