Имаат дипломи, немаат искуство: Дали младите имаат високи и нереални очекувања за платите?

По завршувањето на факултетот младите почнуваат активно да бараат работа и да одат на интервјуа, но дали нивните очекувања се реални за висината на платата? 

„Завршив Економски факултет отсек сметководство и ревизија во Скопје. По завршување на факултетот ми се отвараат врати кон успешно вработување во секторот на сметководство, во могу фирми и компании. Во зависност од работното место варира и личниот дохот за оваа позиција. Таа најчесто се движи од 20 000 денари па нагоре – вели Билјана од Скопје.

Момче кое студира на Замјоделскиот факултет вели дека има млади луѓе кои се способни иако се почетници,  но праксата е потребна.

„Лично мислам дека платата помалку од 200 евра не треба да биде. Секој почетник колку и да учел не може да има многу  знаење се додека тоа не го примени во пракса“ – вели Дарко.К.

-Барав работа по мојата струка имам завршено Македонски јазик и книженост на Филолошки факултет во Скопје, активен барател сум на работа во Заводот за вработување, но додека не ми се укаже некоја добра прилик ми преостанува работа во кафе-бар,каде почетна плата ми е 12.000 денари, вели Виктор.

Според анкетата на Центарот за економски анализи - ЦЕА , која ја пренесува Фактор во оваа и минатата година (за повеќе региони/локации), како дел од анализи на пазарот на труд, ако се издвојат лицата со завршено високо образование, а кои немаат работно искуство или имаат работно искуство помалку од една година, наведената нето плата/надомест која ја очекуваат во зависност од секторот и образованието, се движи од 25.000 до 30.000 денари на месец. Имајќи ги во предвид дека просечната нето плата е околу 22.000 денари (која е значително различна  во различни сектори), сепак може да се заклучи дека постојат релативно повисоки  очекувања од страна на младите кои се без работно искуство кое ги надминува реалните услови кои ги нуди побарувачката на пазарот.Истовремено, треба да се нагласи дека кај истите лица најчесто најавувана причина за не-прифаќање на веќе понудена работа е неадекватното понудено работно место со квалификациите, но и нискиот паричен надомест понуден од работодавачите.