Има ли доволно кадар за двосменско работење на градинките?

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска соопшти дека од 1 септември градинките ќе работат во две смени.

Иако родителите ја поздравуваат одлуката, таа отвори дилеми во врска со начинот како ќе се спроведе двосменското работење на градинките и дали тоа ќе влијае на цената на услугата.

–Секоја градинка ќе има можност самата да го организира работењето според потребите и можностите. За принципот на работа ќе треба да го известат Секторот за заштита на децата во МТСП, велат од Одделението за односи со јавноста во МТСП.

Оттаму појаснуваат дека ќе се зголеми персоналот во соработка со општините, кои ќе треба да го обезбедат кадарот за кој ќе се јави потреба

На вчерашниот состанок на СОНК беше пресечена во која се тврди дека одлуката е избрзана пред се поради немање доволно кадар и потребна е сериозна анализа.

- Отворени се и груги прашања во делот на трансформација на работи договори на наши работници кои долго време работат на повисока позиција, а земаат плата согласно решение кое им е издадено со пониско работно место, побаравме да продолжи континуитетот на зголемување на платите во детската заштита...рече Неделков.

Министерката за труд и социјална политика пред неполна недела потврди дека се воведуваат две смени работење во градинките.

Смените на вработените во градинките треба да биде 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот, од 8:00 до 16:00 часот.