Игралишта, езерца...Новиот парк во Карпош ќе биде сличен со Градскиот парк

Новиот парк во Карпош концепциски ќе биде сличен со Градскиот парк.

-Како дополнителни содржини ќе бидат фудбалското и одбојкарското игралиште на песок (со странични трибини), zip line и детски парк. Во продолжение ќе се простира и големиот парк, со повеќе содржини за рекреација, зеленило, патеки, езерца и сл. Во меѓувреме, веќе се изведуваат два паркови за миленици. Еден на Кејот на реката Вардар (во близина на аплинистичката карпа), а другиот во Влае, кај спортската зона (кај мостот Обединети нации), изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Оваа зона ќе биде една од најатрактивните зони за спорт и рекреација во Карпош и градот Скопје.

Адреналински парк со содржини за спорт и забава за помладите, а останатиот дел ќе биде парк со зеленило, вегетација, патеки и клупи за одмор. Започнавме плански и рамномерно да го развиваме Карпош, целта е повторно да бидеме најубава Општина во Република Македонија.