Тимот на македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе со големи очекувања за претстојната трка на Хунгароринг, во Унгарија.

По одличниот старт на патеката во Монца, каде на двете трки го освои четвртото и петтото место, Стефановски во Унгарија ќе се обиде да им пркоси на Фулин, Шрејбер и Рикли, се наведува во соопштението од клубот „Стефановски“.

– Во тимот владее добра атмосфера. Не успеавме да тренираме, но ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што може. Се подготвуваме за тренингот утре, на кој очекуваме да покажеме конечно кои сме и што сме. Очекуваме подобри резултати. Верувам дека ќе имам можност со добро возење да се искачам на подиумот, изјави Стефановски.

Според правилата, автомобилите на Хонда, кои беа полесни за 60 килограми споредбено со Сеат автомобилите во Монца, на Хунгароринг ќе бидат потешки. Ова би значело дека ќе биде намалена нивната предност во однос на Стефановски.