Иџе ќе учествува на трката на Водно, ама само рекреативно

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, ќе има можност по неколку години пауза повторно да вози на омилената, а воедно и негова матична патека на Водно крај Скопје.

Сепак, Иџе со својот СЕАТ Леон ќе настапи само во ревијалниот дел, бидејќи овој викенд е слободен поради паузата во ЕТЦЦ шампионатот, кој продолжува за две седмици со трката на Хунгароринг во Будимпешта.

Така, македонската публика ќе може повторно на домашен терен да го виде поранешниот двократен европски шампион на ридско-брзински патеки, кој веќе втора сезона се натпреварува на кружни патеки.