Идната недела се очекува првиот снег во Скопје

Идната недела ќе се создадат услови за првиот снег во Скопје. Според меторолозите, по стабилниот и релативно сончев викенд, од понеделник влажен бран доаѓа над Македонија кој ќе донесе значително намалување на температурите. 

Веќе во понеделник, дневните температури во Скопје нема да надминат 6 степени а утринските ќе се спуштат и до 4 степени под нулата. 

Влажниот бран во понеделник вечерта може да донесе и снег во Скопје, но со оглед на тоа што во текот на денот ќе врне и дожд, не се очекува задржување на снежна покривка.

Студеното време ќе се задржи до среда а од четврток ќе почне стабилизација која ќе донесе благо зголемување на дневните температури кои повторно ќе се движат околу 10 степени.