Идеален прилог за јадења со месо: Динстани шампињони во павлака со зачини

Состојки:

300 гр шампињони

1 главица кромид

зачин

оригано

мелен бибер

магдонос

1 чешне лук

1 лажица павлака (може и повеќе)

1 зелена пиперка

масло

Начин на подготовка:

Измијте ги шампињоните и исчистете ги. Кромидот исечете го ситно па пропржете го на масло, додајте сечкана пиперка па и неа пропржете ја, потоа додајте шампињони ставете малку вода па динстајте околу 15 минути за водата да испари, додајте ситно сечкан лук, зачин, бибер и оригано. Уште малку динстајте.

Исклучете и додајте павлака по желба. Измешајте и послужете топло.