И Заев заедно со административците ќе чисти в сабота во Скопје

Како што веќе беше најавено неделава, во сабота на 20 локации низ главниот град административците ќе имаат акција за чистење, а заедно со нив ќе биде и премиерот Заев, јавува СДК.мк.

Акцијата која се спроведува со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ ќе почнена пладне, а на сите локации ќе има екипи и механизација од градските јавни претпријатија.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска чистеше со споменатата граѓанска иницијатива и апелираше во акцијата за чистење да се вклучат и граѓаните.