Ѝ вперил пиштол на вработената и ги украл парите од бензинската

Две кражби се случиле вчера во Скопје. Во првиот случај во 18 часот и 20минути телефонски во ЕИК Скопје било пријавено дека на булеварот „Никола Карев“, во спортска обложувалница непознат сторител извршил разбојништво, така што со физичка сила од вработената одзел непозната сума пари, по што побегнал во непознат правец. 

Потоа, 02.23 часот во ЕИК Скопје, било пријавено дека на улицата „Радишанска“, на бензинска пумпа непознато маскирано лице извршило разбојништво. Насилникот со закана со пиштол од вработените одзело 33.600 денари, а потоа побегнал во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.