И во Карбинци целосен карантин

Оштина Карбинци е додадена на листата општини во кои од денеска од 21 часот до понеденик 5 часот наутро ќе има целосен карантин.

Вчера Владата донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип,  Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од вечера од 21 часот до петок (5 јуни) до 05 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до 05 часот наутро.

извор: Makfax