И Шилегов ќе го продава „мерцедесот“ што го наследи од Трајановски

Скопскиот градоначалник ќе го продава „мерцедесот“ што го наследи од неговиот претходник, Коце Трајановски.

-Во план ми е да го продадам. Старо е 15 години, речиси небезбедно – рече Шилегов на брифинг со новинарите.

Извесно е дека возилото ќе се продава на јавно наддавање. Допрва треба да се направи проценка, која би била неговата почетна цена.

Мерцедесот што го користеше Трајановски, всушност, беше доделен на користење на Град Скопје од страна на Агенцијата за одземен имот. Откако под притисок на јавноста Трајановски се откажа од набавка на нов луксузен мерцедес, за службени потреби доби возило отстапено од Агенцијата.