И се заканува ли епидемија на Македонија - тројно зголемен бројот на заболени од мали сипаници во Европа

Бројот на заболени од мали сипаници во Европа, лани се зголеми во однос на претходната година, соопшти европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Европскиот центар предупреди дека и понатаму се појавуваат нови случаи, бидејќи нивото на имунизација е ниско. Повеќе од 14.400 случаи се пријавени во 30 земји лани, во споредба со околу 4.600 заболени претходната година.

Европските власти соопштија дека во Романија, Италија, Грција и Германија владее епидемија на мали сипаници.

Од 2016-та година, регистрирани се 50 смртни случаи поврзани со малите сипаници. Сериозни компликации се случуваат воглавно кај децапод пет години, па затоа властите апелираат дека е пожелна висока стапка на вакцинација од најмалку 95 проценти.