И покрај зголемените плати, граѓаните не можат да ги задоволат месечните потреби

Основните производи и услуги стануваат сè поскапи. Државниот завод за статистика ги објави трошоците на живот за годината што измина. Споредено со 2018 година, лани лебот поскапел за 3,3%, зеленчукот за 6,8%, тутунот за 7,6%. Цените на услугите поврзани со човековото здравје се покачиле меѓу 5,4% и 8,5%. Најмногу пораснале цените на туристичките аранжмани, за 12,1%, а поскапување има и кај електричните апарати, мебел и покуќнина.

Дека за задоволување на основните човекови потреби се потребни сè повеќе пари потврдуваат и граѓаните.

Сепак, статистиката покажува и позитивни бројки. На пример, лани потиниле овожјето, горивата, природниот гас и централното греење. Најголем пад на цените бележат транспортните услуги, особено воздушниот сообраќај, за 10,6%.
Според Сојузот на синдикати на Македонија, синдикалната минимална кошница изнесува 32.726 денари. Овој износ е потребен за задоволување на месечните потреби на едно четиричлено семејство, составено од двајца возрасни и две деца.