Важи ли се уште забраната за автомобили на Водно?

Градот Скопје од пред еден месец воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, се со цел намалување на загадувањето.

Сепак, за времене на изминатиот викенд се фотографирани многу автомобили на Водно и покрај забраната и високите казни.