Не, не сум се уште заљубена во тебе.

Ти уште пред некое време си замина од моето срце и неверојатно сум благодарна поради тоа. Ти повеќе не си таму...

Има многу работи кои никогаш нема да ги знам и веројатно тоа највеќе и ме боли.

Да, тие најверојатно се  некои поголеми сили кои ги контролираат исходите од нашите животи и секако, се се случува со причина. Веројатно само сакам да ги знам твоите причини.

Сакам да знам зошто никогаш не бев доволна. Сакам да знам зошто добив само поглед во твојот ум и тајни. Гледав како поинаку разговараш со другите и двајцата го знаевте тоа. Јас бев нешто сосема поинаку за тебе и можеби тоа те исплаши.

Може сакаше да се грижиш, но длабоко во тебе не се грижеше.

Сакам да знам зошто ми рече дека ме сакаш и потоа повторно ме исклучи од твојот живот. Сакам да знам зошто се појавуваше само тогаш кога ќе те избришев од умот.

Дали е игра? Дали сакаш да ме гледаш како се мачам да живеам среќен живот додека ти си го олеснуваш патот назад само за одеднаш исчезнеш повторно?

Сакав да те изберам тебе. Секој проклет пат.

Претпоставувам дека никогаш целосно не те избрав, како што и ти никогаш не ме избра и можеби тоа е она што ме прогонува. Единственото нешто што е константно во врска со нас е зборот МОЖЕБИ.

Се што знам е дека можеби морав да научам како да се излекувам. Немав никаква валидација за тоа зошто работите беа онакви какви што беа. Морав само да прифатам дека се се случи без причина.

И тоа ме прогонува.

Но, го направив тоа. Те преболев и тоа засекогаш.  Тоа не дојде поради тебе, туку поради тоа што најдов некој кој се однесува со мене како што треба. Ти никогаш не го научи тоа и за тоа сум благодарна.

Твоето исчезнување ме направи посилна.

Научив како да се почитувам себеси, мојата вредност. Научив дека луѓето ќе исчезнуваат од мојот живот и тоа не е секогаш моја вина.

Фала за недостигот на посветеност и култура. Фала што ми покажа што заслужувам со тоа што ми ги покажа сите работи кои не ги заслужувам.